Skip to main content

Возел камион без положен испит, возилото е одземено

архива

Вчера во 16:20 часот на регионалниот пат Лешок-Желино, кај с.Жилче, полициски службеници од Полициско одделение Јегуновце го лишија од слобода Р.П.(20) од с.Ново село, Општина Желино.

При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршени проверки, било констатирано дека го управува возилото, без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, Р.П. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести