Skip to main content

Тројца уапсени поради подметнат пожар на багер во Чаир

Фото: Freepik

Денеска (02.07.2026) на ул. “Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност” по член 288 од КЗ.

-На 01.07.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир, бил запален багер, информира МВР.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги забележале лицата кои биле со патничко возило “бмв” со ресенски регистарски ознаки по што ги лишиле од слобода.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести