Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска упати обновен апел до сојузниците на земјата да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот произведени од САД по една недела со повеќе од 1.000 руски воздушни напади.
-Потребна ни е силна поддршка од нашите партнери, објави Зеленски на својот канал на Телеграм. „Повеќе Патриоти за Украина значат поголема заштита за живот“, рече тој.
Руските напади предизвикаа повеќе жртви и повредени.
Според Зеленски, Русија ја нападна Украина со повеќе од 660 бомби, околу 550 дронови и речиси 60 проектили во текот на минатата недела. Украинската воздушна одбрана собори 33 проектили, вклучително и балистички ракети.
Зеленски им оддаде почит на вооружените сили, но додаде: „Останува задачата да продолжиме да го штитиме нашиот воздушен простор“. Тој ги повика западните сојузници на Украина да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.
Украина се брани од целосна руска инвазија од февруари 2022 година. Во текот на викендот, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили зазеле дополнително терен во источна Украина.