
Белгија ризикува да стане „нарко-држава“ каде што мафијата, предводена од осомничен балкански картел, создава паралелна структура на моќ, предупредуваат познавачите на состојбите . Истрагите покажаа дека балканските криминални групи имаат елаборирана логистика за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа. Дрогите најчесто се кријат во легален товар, особено во контејнери што доаѓаат од Колумбија, Бразил и други земји во регионот.
Во една операција, откриена е софистицирана мрежа што користела контејнерски транспорт за да дозволи дрогата незабележано да влезе во ЕвропаСпоред истражителите, системот вклучува и пристанишни работници кои, за големи суми пари, овозможуваат непречен премин на контејнери.
– На некои им биле понудени до 250.000 евра само за да преместат еден контејнер.Се тврди дека оние што одбиваат да соработуваат често се цел на закани и заплашувања, вклучително и напади врз нивните семејства.

Македонски



