Skip to main content

Имал анеуризма: Директорот на Старбаг немал шанса да преживее

Веста која ги шокираше австриските деловни кругови е дека Клеменс Хаселштајнер (44), директор на групацијата Страбаг, починал во петокот за време на престојот во бањата во Обервелах. Во меѓувреме е утврдена причината за смртта.

Според докторите, Хаселштајнер „немал шанса“ и починал од аневризма.

  • Медицински гледано, немавме шанси, секоја помош би стигнала предоцна. Општиот лекар Шрот, кој со децении го лекувал и го следи семејството Хаселштајнер, бил покрај Клеменс во неговите последни моменти. Клеменс и неговите двајца браќа ги познава од нивното детство – истакнува Билд.

Што е Аневризма

Аневризма е испакнатост на ѕидот на крвниот сад, најчесто артерија. Ако пукне аневризмата, може да дојде до сериозно крварење, што брзо ќе доведе до смрт. Проблемот е што аневризмите најчесто не предизвикуваат симптоми на почетокот и се откриваат случајно при рутински прегледи.

Шрот исто така опиша како родителите се справуваат со трагичната смрт на нивниот син:

  • Родителите се многу силни луѓе кои надминале многу проблеми во животот, но нема утеха да се соочи со таква судбина.

Страбаг е една од најголемите градежни компании во Австрија, која според сопствените податоци остварува годишен приход од околу 19 милијарди евра.