Skip to main content
lEfujl5oYBU

Хрватска ја победи Гана и се проби на второто место во групата Л на Мундијалот

 Хрватска ја победи Гана со 2:1 во третото коло од групната фаза на Светското првенство 2026, со што се проби на второто место Л, од каде се пласра во нокаут-фазата..

Петар Сучиќ го отвори резултатот во 31. минута. Дефанзивецот на Гана, Дерик Лукасен, постигна гол во 73. минута, но десет минути подоцна Никола Влашиќ по асистенција од Лука Модриќ од корнер ѝ ја донесе победата на својата земја.

На другиот натпревар од последното коло во Л-групата, Англија ја совлада Панама со 2:0.

Англија го освои првото место со седум бода, Хрватска е втора со шест, Гана избори плејоф со четири, додека Панама е последна без освоен бод.