Skip to main content
По срамниот настап на Уругвај на Светското првенство

Уругвајската федерација им се налути на фудбалерите, им го укина чартерот па секој ќе се враќа дома сам

Според уругвајскиот новинар, Мартин Чаркеро, по елиминацијата на репрезентацијата на Уругвај од Светското првенство, уругвајската фудбалска асоцијација (АУФ), одлучила да го откаже чартер летот резервиран за националниот тим.

Според одлуката на АУФ, секој уругвајски играч сега ќе треба да се враќа дома самостојно со комерцијални летови.

Ова е уште еден доказ за лошата атмосфера во уругвајската селекција и неизбежната претстојна промена на ерата за јужноамериканскиот гигант.

Поврзани вести