Skip to main content

Поетски портрет на Анеке Брасинга во црквата „Света Софија“ во Охрид

Со „Поетско кафе“ и „Поетски портрет“ на добитничката на „Златен Венец“, поетесата Анеке Брасинга од Холандија продолжува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Поетското претставување на Брасинга, традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Во рамки на денешната програма ќе се одржат и поетските читања „Современа македонска поезија 2“ и Меѓународното поетско читање „Созвучја“, на кои ќе настапат домашни и странски поети, продолжувајќи ја мисијата на фестивалот да биде место на различни поетски стилови и култури.

Јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата почнаа во средата со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата. Завршуваат во недела со традиционалното поетско читање „Мостови“ на Мостот на поезијата и врачување на највисоките фестивалски признанија „Златен венец“ на Анеке Брасинга од Холандија, „Браќа Миладиновци“ на Николина Андова Шопова и „Мостови на Струга“ на Даниел Хајндс од Обединетото кралство.

Поврзани вести