Skip to main content

Од 30 јуни до 3 јули Jazz Factory Festival на престижниот фестивал Jazz à Vienne во Франција – еден од најзначајните и најреномирани џез фестивали во Европа

Од 30 јуни до 3 јули 2026 година, Jazz Factory Festival ќе учествува на International Jazz Forum, кој се одржува во рамките на престижниот фестивал Jazz à Vienne во Франција – еден од најзначајните и најреномирани џез фестивали во Европа.

International Jazz Forum претставува место каде што се среќаваат директори на фестивали, букинг агенти, продуценти, музичари, медиуми и културни институции од Европа и светот. Преку професионални средби, конференции, работилници, презентации и бројни можности за вмрежување, Форумот создава нови партнерства и ја поттикнува меѓународната соработка во областа на џез музиката.

Нашето учество претставува значаен чекор во интернационализацијата на Jazz Factory Festival , но и во промоцијата на македонската џез сцена пред европската и светската професионална јавност.

Особено сме горди што оваа година ќе ја претставиме Националната џез платформа на Македонија, иницијатива креирана од Jazz Factory Festival , чија цел е да ја зголеми видливоста, мобилноста и меѓународното присуство на македонските џез музичари и професионалци. Преку оваа платформа создаваме нови можности за соработка, размена, гостувања и поврзување со европските и светските џез мрежи.

Во Vienne ќе ги претставиме потенцијалот, креативноста и квалитетот на современата македонска џез сцена, ќе воспоставиме нови партнерства и ќе работиме на создавање можности што ќе придонесат за понатамошниот развој и интернационализација на домашниот џез.

Секое ново партнерство е нова можност. Секој нов контакт е чекор поблиску до посилно меѓународно присуство на македонскиот џез.

Од Битола до Vienne – градиме меѓународни мостови преку џезот.

Поврзани вести