Skip to main content

Ноле може против Синер дури во полуфинале

Третиот Грен слем турнир во сезоната започнува на 29 јуни и ќе трае до 12 јули, а Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до својата осма титула на овој турнир и до својот вкупно 25-ти Грен слем трофеј. Ждрепката го одреди патот за Новак, кој е седми носител на овогодишниот Вимблдон. Првиот противник на Ѓоковиќ е Џибинг Ву, 99-тиот тенисер во светот. Српскиот тенисер се наоѓа во онаа половина од ждрепката во која е и Јаник Синер, што значи дека би можел да игра против Италијанецот во полуфиналето.

Поврзани вести