
Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви.
Ивановски го елиминираше третиот носител Хавиер Баранко Косано откако на идентичен начин (ист резултат) како вчера со 2-0 во сетови (76(4) 75) го победи ривалот. Единствената разлика беше што во денешниот меч имаше по еден брејк во првиот сет за секој тенисер, а во вториот сет Ивановски брејкот го направи во 12.гем за 7:5 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 35 минути.
Олег Приходко оствари победа од 2-0 во сетови (64 63) за 90 минути против тенисерот од Грција Димитрис Сакеларидис.
Ивановски во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Божо Барун и Андреј Чепелев, додека Приходко ќе го чека победникот од Себастијан Зоргер – Кумоин Султанов.
Калин Ивановски денеска има уште еден меч полуфиналниот дуел во двојки каде со Амар Хусеиновиќ ќе играат против Елефтериос Неос и Петрос Циципас

Македонски



