
Во екот на летната туристичка сезона во Грција се бележат зголемен број пријави за кражби насочени кон туристи, особено кон нивните автомобили. Според искуствата на патници и полициски извештаи, најчеста цел се возила со странски регистарски таблички, меѓу кои и оние од Македонија (и Србија), особено кога се полни со багаж и лични предмети, пишува „Нова Македонија“.
Според опишаните случаи, сторителите најчесто дејствуваат во групи и се задржуваат многу кратко на местото на настанот. Методите се различни, но најчести методи се со кршење на странични стакла, со насилно или ненасилно отклучување на возилата, потоа кражби додека сопствениците се во продавница или на плажа, како и користење електронски уреди за блокирање на сигналот од далечинско заклучување, што како феномен е во нагорен тренд (т.н. ненасилно обивање моторни возила, односно таканаречени тивки провали, каде што возилото останува отклучено без видливи траги, иако сопственикот мислел дека е безбедно заклучено.)
Каде најчесто се случуваат кражбите?
Според нашите соговорници, припадници на МВР во Одделот за кражби, од анализите од собраните информации на инцидентите од кражби од туристи во Грција, најризични точки се местата каде што туристите природно застануваат или се задржуваат подолго време, како што се:
1. Градски и транзитни зони
- големи паркинзи кај супермаркети и трговски центри
- одморалишта по преминување граница
- урбани паркинзи во Солун, особено централните делови
2. Туристички и комерцијални објекти
- паркинзи кај ИКЕА, „Џамбо ИКЕА“ и „Уан салоника“
- супермаркети како „Лидл“ (во туристичките населби)
3. Популарни туристички дестинации
- плажи и кампови на Халкидики, плажи во Никити и околината
4. Урбани и туристички зони на острови како Тасос.
- Пријавени се повеќе инциденти со кражби и на локации како Белата Кула во Солун, плоштадот „Аристотел“ и воените гробишта „Зејтинлик“, каде што метежите им овозможуваат на крадците полесно дејствување.
Целиот текст на „Нова Македонија“

Македонски



