Skip to main content
k0yISPrlOJM

Ни Германците не се машини

Репрезентацијата на Еквадор направи сензација совладувајќи ја Германија во последното коло од група Е со 2:1, додека на вториот дуел Брегот на Слоновата коска (БСК) го победи Курасао со 2:0.

На дуелот во Њујорк, Германија поведе веќе во 2.минута со голот на Лирој Сане. Но, дека се подготвени за изненадување фудбалерите на Еквадор покажаа со изедначувањето во 9.минута преку Нилсон Ангуло. Голот за победа и трето место и можност за пласман во нок аут фазата го постигна Гонзало Плата во 77.минута.

Брегот на Слонова Коска го совлада Курасао со 2:0, а стрелец на двата гола беше Никола Пепе во 7 и 64.минута.

Првото место го освои Германија со 6, колку што освои и БСК и ги обезбедија првите две места и директен пласман во следната фаза од Мундијалот, додека Еквадор има 4 бодови и ќе ја чека разврската од другите групи. Куроасо освои само еден бод.

Поврзани вести