Skip to main content

ВИДЕО: Група млади лица вандализира училишен двор во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави видео снимка од надзорна камера на која се гледа како млади лица превртуваат контејнери и ги шутират.

„Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализира училишен двор во Аеродром. Превртуваат контејнери, оштетуваат урбана опрема и оставаат неред во простор наменет за учениците и граѓаните“, напиша Митевски.

Градоначалникот напиша дека сите лица се идентификувани и е поднесена соодветна пријава.

„За жал, вакво однесување е забележано на повеќе локации низ општината, со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Поради тоа, во соработка со МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.
Погледнете го видеото и видете како изгледа неодговорното однесување кое нема да биде толерирано“, напиша Митевски.

Поврзани вести