Skip to main content

Човек се бори за живот откако во него налета автобус на ЈСП

Вчера во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје, управуван од Б.Б.(53) од Скопје удрил во пешакот Љ.Џ. (85) од село Студеничани, скопско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, и истиот се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести