Skip to main content

Атанасијевиќ: Имаме сили за Гвинеја

Македонскиот ракометар Павле Атанасијевиќ ги искажа своите впечатоци за натпреварот со Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025.

Македонија загуби со 37:32, во второто коло во Д-групата.

Холандија предноста ја направи при крајот на првото полувреме. Ние направивме некои грешки со враќањето во одбрана. Но ќе кажам дека сум горд на нашиот тим. Прикажавме добра борба. Судиите имаа некои одлуки во корист на противникот. Игравме цврсто, но не така грубо за огромниот број исклучувања. Имаме сили за Гвинеја, желни сме да победиме и ќе се подготвиме добро, изјава Атанасијевиќ.

За избраниците на селекторот Кире Лазаров денес е слободен ден на Мундијалот, а утре во 3. коло од Д-групата ќе се соочат со Гвинеја. Со победа или нерешено, Македонија ќе се пласира во Главната групна фаза. 

Поврзани вести