
Од 10 до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на Кичево Филм Фестивал 2026, настан што ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо.
Фестивалската програма опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, DJ настапи и аудиовизуелни перформанси. Пред почетокот ќе се одржи Pre Party, а по завршувањето и After Festival дружење.
Во рамки на фестивалот ќе биде организирано и свечено затворање со доделување на две главни награди, меѓу кои и награда за трајни вредности во филмот.
Влезот за сите фестивалски содржини е слободен

Македонски



