Skip to main content
QgwMJTc9EC8

Охридската архиепископија следно барање од Бугарија

Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Ангел Димитров во интервју за бугарските медиуми Д изјави дека македонската страна избегнува да се соочи со, како што рече, „историските факти“ поврзани со Охридската архиепископија. Според него, токму ова прашање ќе остане еден од најголемите предизвици во работата на Историската комисија и во идните односи меѓу Скопје и Софија.

Прашањето за карактерот и наследството на Охридската архиепископија е точка на сериозно разидување меѓу македонската и бугарската историографија. Бугарските историчари цврсто застануваат на тезата дека Архиепископијата е директен правен и институционален континуитет на средновековната Бугарска патријаршија. Нивниот главен аргумент се темели на повелбите на византискиот цар Василиј II од 1019 и 1020 година, каде таа официјално е именувана како „Архиепископија на Бугарија“, како и на фактот што нејзините поглавари во текот на целиот 750-годишен период ја носеле официјалната титула „Архиепископ на цела Бугарија“, изјави Димитров кој сега е претседтел на историската комисија од страна на Бугарија.

Поврзани вести