Skip to main content

Митот за Медеја оживува во едно современо и моќно сценско дело

НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар – Битола ја најавуваат премиерата на претставата „МЕДЕЈА МК“, создадена според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак.

„МЕДЕЈА МК“ е авторски проект што низ спојот на театарот, музиката, поезијата и аудио-визуелните елементи отвора нов поглед кон една од најмоќните женски фигури во светската митологија. Претставата го истражува просторот помеѓу љубовта, предавството, болката и отпорот, поставувајќи ги вечните прашања на современото време.

Игра: Валентина Грамосли

Адаптација, режија, аудио инсталација и музика: Марјан Нечак

📅 21 јуни 2026 (недела)

🕗 20:00 часот

📍 Голема сцена, НУ Центар за култура – Битола

Авторски тим:

Според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак

Превод: Наташа Аврамовска и Елена Китановска – Ристовска

Сценографија: Марјан Нечак и Сергеј Светозарев

Видеопроекции: Сергеј Светозарев

Инспициент: Александар Црвенко

Тон-мајстор: Тони Тошевски

Видеооператор: Владимир Пераловски

Дизајн на светло: Никола Ѓеорѓиевски

Дизајн на плакат: Сашо Илковски

Поврзани вести