Skip to main content

Одреден притвор за скопјанецот што запали возила на бугарската амбасада

Фрипик

Основниот кривичен суд информира дека по барање на јавен обвинител, изречен е осумдневен притвор за скопјанецот кој завчера во Скопје запали два автомобила на бугарската амбасада.

Целиот настан беше снимен од надзорните камери а опожарувачот, 44 годишен скопјанец, беше идентификуван и уапсен.

Претходно утрово од МВР соопштија дека против него веќе е поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност”

„Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело.

Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело“ велат од МВР.

Поврзани вести