Skip to main content

Во Театар за деца и младинци се подготвува „Патот на Баба Јага“ по текст на Хана Корнети, а во режија на Хана Миленковска

Фејсбук профил на Театгар за деца и младинци

Во Театарот за деца и младинци при крај се подготовките за најновата претстава, „Патот на Баба Јага“, по текст на Хана Корнети, а во режија на Хана Миленковска.

Ќе ве поведеме на едно имагинативно и длабоко театарско патување низ светот на митовите, фантазијата и безвременските пораки. Нашата екипа неуморно работи на последните подготовки за поставување на оваа нова приказна – праизведба на современ македонски драмски текст за деца, што за нас претставува особена чест, привилегија и радост, велат од ТДМ.

Премиерата и првата реприза се закажани за 24 и 25 јуни во 19 часот во рамки на Скопско лето.

Веруваме дека претставата ќе го привлече вниманието на повеќе генерации, благодарение на сценскиот израз збогатен со автентичниот музички потпис на композиторот Ади Имери, како и впечатливиот визуелен идентитет создаден од костимографот Иван Ивановиќ и сценографот Кирил Василев, додаваат од ТДМ.

Поврзани вести