Skip to main content

Потпишувањето на рамковниот договор помеѓу САД и Иран ќе биде во Биргеншток

Потпишувањето на рамковниот договор помеѓу Иран и САД за завршување на војната на Блиски Исток ќе биде организирано во планинското одморалиште Биргеншток, централна Швајцарија.

Во оваа фаза, потпишувањето е закажано за петок, 19 јуни во Биргеншток, во кантонот Нидвалден. Местото го предложија пакистанските и катарските медијатори, како и САД и Иран, се наведува во соопштението на швајцарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека швајцарското МНР е во близок контакт со САД, Иран, Пакистан и Катар.(МИА)

Поврзани вести