Skip to main content

Мицкоски: Растот на индустријата од 7,5 отсто во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата.

Се консолидиравме по шокот во март, кога ескалираше кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од околу 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година – изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на новата фабрика на компанијата „Brainchild“ во индустриската зона Жабени во Битола.

Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании каде се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства.(МИА)

Поврзани вести