Skip to main content

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа.

Како што велат, проектот претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, поквалитетна и побезбедна сообраќајна поврзаност меѓу двете населени места. Со реализацијата на овој проект се подобрува секојдневната мобилност на жителите, како и пристапноста за сите корисници на овој патен правец.

Во рамки на проектот извршена е целосна реконструкција и асфалтирање на патот во должина од околу 1.900 метри, извршено е проширување на коловозот, а низ населените делови долж кои поминува делницата, изграден е нов тротоар со ширина од 1,5 метри, со што дополнително се зголемува безбедноста на пешаците.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во модернизација и развој на патната инфраструктура остануваат стратешки приоритет на локалната самоуправа, со цел обезбедување подобра поврзаност помеѓу населените места, зголемена безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места, модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.

Поврзани вести