
Локалната полиција во централното подрачје на Нови Травник во централна Босна и Херцеговина спречила конфликт од поголеми размери меѓу навивачки групи на фудбалските репрезентации на БиХ и Хрватска, јавија сараевските медиуми.
Според истите извори, инцидентот се случил по синоќешниот натпревар на Светското првенство меѓу на БиХ и Канада (1-1), кога бројни навивачи на босанската репрезентација излеге на улиците за да го прослават освоениот бод, а ситуацијата „ескалирала“ пред ресторан каде што се наоѓала група хрватски навивачи.
Имало вербален конфликт, меѓусебни навреди и туркање, но поголем инцидент бил спречен од полицајци кои веќе биле распоредени низ градот за засилени безбедносни мерки.
Полицијата поставила кордон меѓу конфликтните групи и ги разделила навивачите, со што ситуацијата била ставена под контрола.
Во инцидентот нема повредени.

Македонски



