
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.
На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои, како што информираат од министерството, беа потребни дополнителни појаснувања.

Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување – се вели во соопштението од МП.
Од Правда, информираат дека веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки.

Министерството за правда, се вели во соопштението, изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.

Македонски



