
Скопските спортски терени останаа посиромашни за популарниот Срцка, кој почина денеска на 80-годишна возраст, објави порталот Спорт1.
Во вечноста замина Светислав Димовски, кој можеби не беше активен кошаркар, ракометар или боксер, но беше незаменлив на теренот на сите позначајни средби во кошарка, ракомет или бокс во улога на редар или бришач на паркетот. Зад себе има повеќе од 10.000 натпревар, а во својата кариера „смени“ многу генерации кои беа благодарни за поддршката која постојано ја добиваа од чичко Славе.

Македонски



