Skip to main content

Четворица турски државјани уапсени во Скопје поради нерегулиран престој во државата

Фрипик

Приведени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој.

Од МВР информираат дека во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги привеле Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Турција, поради нерегулиран престој во државата.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, посочија од таму.

Поврзани вести