Skip to main content

„Се случи една ноќ“ на Френк Капра вечерва во Кинотека

СЕ СЛУЧИ ЕДНА НОЌ

(It Happened One Night)

Френк Капра / САД / 1934 / 105 мин

СЕ СЛУЧИ ЕДНА НОЌ (It Happened One Night) ОД 1934 ГОДИНА е една од најпознатите и
највлијателни романтични комедии во историјата на холивуд, вистински класик на холивудската
златна ера. Филмот е еден од најпознатите филмови на голелмиот американски режисер Frank
Capra, во кој тој совршено ја комбинира духовитоста, романтиката и општествената критика.
Во главните улоги се Clark Gable и Claudette Colbert, кои создаваат незаборавна хемија на
филмското платно. Приказната започнува кога разгалената богата наследничка Ели бега од својот
строг татко за да се омажи за човек што го сака. На патот го запознава циничниот, но шармантен
новинар Питер, кој гледа шанса за добра приказна. Тие тргнуваат на заедничко патување
исполнето со недоразбирања, духовити дијалози и постепено развивање на чувства.
Филмот е типичен пример за „screwball“ комедија – жанр кој се карактеризира со брз ритам, остар
хумор и силни, независни ликови. Особено се истакнуваат сцените исполнети со лесен, но
интелигентен хумор, како и постепената трансформација на односот меѓу двајцата главни ликови,
од недоверба до искрена љубов. Филмот нуди и суптилен коментар за класните разлики и
општествените норми во Америка од тоа време..
СЕ СЛУЧИ ЕДНА НОЌ е првиот филм што го постигна многу реткиот подвиг да ги освои сите пет
главни категории на Оскар (најдобар филм, најдобар глумец, најдобра глумица, најдобар режисер
и најдобро сценарио). Неговото влијание е огромно и може да се препознае во повеќето
современи романтични комедии.

Проекции

Петок, 12 јуни20:30

Поврзани вести