Во Берово утрово е најладно со измерени – 9 степени Целзиусови, најтопло е во Охрид и Претор со 0 степени.
На Попова Шапка се измерени – 8 степени, -6 Дебар, -5 Штип и Крива Паланка, -4 степени во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 Прилеп и Куманово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 Скопје-Зајчев Рид и Велес.
Во изминатите 24 часа има наврнато 8 литра на метар квадратен дожд во Кавадарци, 8 во Кавадарци, 5 Пожар – Радовиш, 3 Тополчани и 1 Велес.
Висината на снежната покривка е 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 Маврови Анови, 31 Крушево, 22 Битола, 20 Дебар, 15 Тетово, 11 Штип, 10 Берово, 8 Демир Капија, 6 Прилеп, 3 Крива Паланка, Претор и 1 во Струмица.
Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност и со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.