Skip to main content

Триото „Интерарт“ со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб

Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како и пијанистката Татјана Божиновска, ќе одржи концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб на 10 јуни 2026 година.

Пред хрватската публика уметниците ќе изведат разновидна програма со дела од L. Hugues, G. Shocker, A. Rubtsov, J. M. Damase, како и од македонскиот композитор Марко Виденовиќ.

Концертот претставува значајна можност за промоција на македонската музичка уметност и современото творештво надвор од границите на државата, а настапот на триото „Интерарт“ уште еднаш ја потврдува нивната активна концертна дејност и посветеност кон афирмацијата на камерната музика.

Реализацијата на концертот е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Поврзани вести