
Јас не сум видела толку неталентиран и нехаризматичен, блед и бескрвен лидер на партија како Филипче, коментира професорката Билјана Ванковка, по 32. Конгрес на СДСМ кој се одржа викендов во Скопје.
Не ми се верува дека го велам ова, но дури и ЗЗ и Таче имаа некоја своја „ѕвезда”, коментира таа.
Со овој не можеш ниту да се подбиваш, ниту сериозно да го земеш.
И не е само до слабиот лидер, туку до тврдоглавото држење до програмата и наративот кои што ги доведе до дното. И ако го мислат она што го зборуваат, и нека останат таму каде што им е местото.
Само ми е криво што официјално ги викаат „опозиција”. Тие се опозиција и на својот народ и на социјалната идеја, вели Ванковска.

Македонски


