
Седумдесет и осумгодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на 5 јуни во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Атанас Митрев“ патничко возило „Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (24) од Скопје, удрило во пешакот С.О. (78) од Скопје.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонски


