
Во рамките на Омажот кој од 3-6 јуни се оржува во Кинотеката на Македонија вечерва ќе бидат прикажани филмовите КОЈ ВЕК МИНУВА НАДВОР ДЕЦА
Георгиевски Љубиша / Македонија / 1975 / 9 мин
Приказна за едно македонско село кое ги живее своите последни денови со последниот жител, старец, сведок на сите настани кои ја прават историјата на селото.
ЏАФРА
Ценевски Кирил / Македонија / 1978 / 20 мин
Страдањата на палестинскиот народ преку сеќавањата на млади Палестинки, сведоци на трагедијата, масакрот во палестинскиот логор Тал Ел Затр.
ВРАТИ НА БЕСКРАЈОТ
Владимир Влажевски / Македонија / 1982 / 18 мин
Актерот Драги Костовски, тешко болен од карцином на белите дробови, зборува за соочувањето со болеста и смртта.
Проекции
Четврток, 4 јуни19:00.

Македонски


