Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува конкретни мерки за младите – и за вработување и за стекнување на свој дом

Талогот од СДС и Венко Филипче се во тешка заблуда и кога станува збор за младите и сите политики кои се преземаат од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Навистина зачудува колку и како од талогот на СДС знаат да ги извртат работите и да лажат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве неколку податоци.

Прво. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2025 година прв пат воведе целни мерки за младите преку Програмата за самовработување со грант, при што беа отворени речиси 2.200 нови правни субјекти. И оваа година, како и во 2025 година, Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и е во вредност од 40 милиони евра. Од нив, 32 милиони евра се директно наменети за мерки за вработување, при што младите повторно се во фокусот. Планот опфаќа 6.000 млади лица до 29 години, а обезбеден е и младински додаток од 3.000 денари.

Второ. Кога станува збор за вкупната невработеност според податоците на Државен завод за статистика за третото тримесечје од 2026 година, стапката на невработеност изнесува 11,2% што е намалување за 2,4% на годишно ниво.

Да го просветлиме талогот на СДС и со годишниот извештај на Европската комисија за Македонија од 4 ноември 2026 година. Европската комисија оценува дека земјата има подготвеност во областа на социјалната политика и вработувањето. И ЕК констатира пад на невработеноста.

Трето. Сето ова дополнето со новите мерки за младинска картичка за попусти, нула комуналии за градење на свој дом, куќа и 20 проценти пониски цени за квадратен метар станбен простор за млади до 35 години говорат за грижа за младите.

Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години има нови и конкретни мерки за младите како за нивниот животен стандард, така и за стекнување на свој дом“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести