Skip to main content

Квича Кваратцхелија е играч на сезоната во ЛШ

Грузискиот фудбалер Хвича Кваратцхелија беше прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Фудбалерот на Пари Сен Жермен беше еден од клучните играчи во кампањата на својот тим за втората последователна титула европски шампион.

Тој беше еден од најважните играчи на францускиот шампион во текот на целата европска сезона. Ја заврши сезоната со импресивен настап од десет гола и шест асистенции во 16 настапи, со што се издвои како еден од најпродуктивните играчи во натпреварувањето.

Тој одигра важна улога и во финалето против Арсенал. Токму тој го избори пеналот од кој Усман Дембеле постигна гол за израмнување и враќање на ПСЖ во игра откако лондонскиот тим поведе.
Откако пристигна од Наполи на почетокот на 2025 година, тој брзо стана еден од клучните играчи на ПСЖ, одигра 80 натпревари со 27 гола и 19 асистенции