
Триесетгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека нејзин братучед физички го нападнал нејзиниот сопруг, а неа ја допирал по телото во нивниот дом во населбата Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 30 мај околу 23:40 часот.
„30-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода дошол нејзиниот братучед и физички го нападнал нејзиниот сопруг, а нејзе ја допирал по телото, по што го напуштил местото на настанот“, информираат од МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски


