
Прекрасна вечер во Амбасадата во Париз во рамки на проектот „Амбасада – пријател на културите“

Во просториите на Амбасадата во Париз се одржа исклучителен културен настан посветен на филмот, музиката и културното пријателство, проследен со дегустација на одбрани француски и македонски вина.





Во текот на вечерта имавме чест да го проследиме филмот „The Rabbit is Dead“ од македонскиот режисер Ханис Багашов, прикажан во Салата за изложби на Амбасадата, кој предизвика голем интерес и позитивни реакции кај присутните гости и љубители на филмската уметност.




Настанот продолжи со инспиративно обраќање на Неговата екселенција, Амбасадорот Игор Николов, кој ја истакна важноста на културната дипломатија, уметничката соработка и улогата на културата во поврзувањето на народите. Тој го нагласи овој настан и како значаен предвесник на иницијативата „Скопје – Град на културата 2028“.









Вечерта беше дополнително збогатена со концерт на традиционална корзиканска музика, кој создаде уникатна атмосфера на културна размена, пријателство и уметничка инспирација.





Овој настан претставува и увертира за Фестивалот на корзикански филм, кој ќе се одржи во Скопје во месец јуни, во соработка со Францускиот институт во Скопје, со што продолжува мисијата за зајакнување на културните врски. Културата останува најсилниот мост меѓу народите

Македонски


