Skip to main content

Автобус удри во автомобили во Вирџинија, петмина мртви, 34 повредени

Nicholas Ng on Unsplash

Автобус удри во шест автомобили на автопат во Вирџинија во момент кога сообраќајот се одвивал забавено поради работи на патот, при што загинале пет лица, а 34 се повредени, соопшти денеска полицијата.

Несреќата се случила во насока кон југ во округот Стафорд.

Сите пет лица кои загинале биле во автомобилите што биле удрени од автобусот, а тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата.