Skip to main content

Поради ебола Уганда ја затвори границата со ДР Конго

Уганда денеска ја затвори својата граница со Демократска Република Конго за да го спречи ширењето на еболата.

Границата ќе биде затворена четири недели за сите освен за медицински, хуманитарни и безбедносни операции, како и за транспорт на храна и товар.

Предвидено е секое лице кое ќе добие дозвола за влез во Уганда од ДР Конго ќе мора да биде изолирано 21 ден.

Во Уганда регистрирани се седум случаи на ебола и еден смртен случај, а во ДР Конго има над 900 заразени лица и 220 смртни случаи.

Епидемијата на реткиот сој на ебола Бундибугио е прогласена за итна состојба од меѓународно значење од страна на Светска здравствена организација.

МИА

Поврзани вести