Skip to main content

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим, Фиренца, Болоња и Торино

Фрипик

Италијанското Министерство за здравство издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за четири големи градови, додека бран од топло време ја зафаќа земјата, со температури кои на многу места надминуваат 30 Целзиусови степени.

Највисокиот степен на предупредување е прогласен за четврток за Рим, Фиренца, Болоња и Торино, што значи дека дури и здравите луѓе би можеле да се соочат со негативни физички последици од невообичаено раната топлина за оваа сезона.

Италија веќе неколку дена се соочува со сончево време и речиси целосно ведро небо, при што температурите се искачија низ поголемиот дел од земјата многу порано отколку што е вообичаено за овој период од годината, пренесе ДПА. Сепак, се очекува температурите да опаднат во петок, а ниту еден италијански град не се предвидува да остане под највисокото ниво на предупредување пред почетокот на викендот.

Италија во изминатите неколку лета забележа смртни случаи меѓу градежните работници кои беа поврзани со работа во екстремно топли пладневни услови.

Поврзани вести