
По заминувањето на Јетон Беќири, според sportsport.mk, Шкендија има три опции за нов тренер.
Благоја Милевски, поранешниот селектор на македонската репрезентација, наводно е „прв избор“ за клупата во Тетово. Неговото име интензивно се споменува во последните денови.
Југослав Тренчовски зад себе има извонредна сезона, правејќи вистинска сензација со тим со многу помал буџет од Шкендија. И покрај тоа, веќе има понуди од поголеми клубови од регионот.
Арсим Тачи е третата опција – моментално тренер на Дукаѓини во Косово, каде го освои Купот и обезбеди европски настап. Во 11 натпревари има биланс од 6 победи, 2 нерешени и 3 порази.

Македонски


