Skip to main content

Ништо од договорот: САД изврши напади во јужен Иран

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи локации за лансирање ракети и ирански чамци за кои тврди дека се обидувале да постават мини, и покрај тековниот прекин на огнот.

– Американските сили денеска извршија напади во самоодбрана во јужен Иран за да ги заштитат нашите војници од заканите што ги претставуваат иранските сили – изјави синоќа портпаролот на Централната команда на САД (CENTCOM). Американската војска покажуваше воздржаност за време на актуелниот прекин на огнот, но ќе продолжи да ги брани своите сили, додаде портпаролот.

Иранските медиуми јавија за неколку смртни случаи по американскиот напад во близина на островот Ларак во Ормуската Теснина.

Американската војска првично не даде информации за можни жртви и не соопшти дополнителни детали за нападите врз иранските цели.

Иако прекинот на огнот во војната со Иран главно се почитува, веќе имаше неколку напади од двете страни околу Ормуската Теснина. На почетокот на мај, Иран ги нападна американските воени бродови во протокот со ракети и брзи чамци, додека САД извршија напади врз цели на иранското копно.

Поврзани вести