
По гранатирањето на Белгород од страна на украинските вооружени сили, 35.000 луѓе во тој град денеска останаа без струја и вода, изјави вршителот на должноста регионален гувернер, Александар Шуваев.
– Како резултат на денешните масовни ракетни напади во Белгород, утврдена е штета на голем број критични објекти на општествената инфраструктура, а повеќе од 35.000 жители останаа без струја и вода – информира Шуваев во објава на X.
Шуваев додаде кое екипите за вонредни состојби работат на отстранување на последиците од нападот на украинските вооружени сили, како и дека точната временска рамка за обновување на снабдувањето со вода и електрична енергија ќе биде соопштена по сеопфатната проценка на оштетените мрежи.
Како што е најавено, прекинот на струја во делот на Белгород, кој е оддалечен околу 40 километри од границата со Украина, може да потрае во текот на целиот ден.

Македонски



