Skip to main content

Ги влечеле по бекатон: Две деца нападнати од ротвајлери, газдата рекол „не му е ништо“

Две мали дечиња биле нападнати од две агресивни кучиња со сопственик во кичевското село Другово. Нивната мајка Лени Ангелоска Здравеска од Гостивар во јавен апел на „Фејсбук“ бара реакција од надлежните институции, како и поддршка, споделување и обединување како народ, за, како што вели, „конечно да се стави крај на вакви ситуации пред да биде предоцнa“.

Прво почнаа да лаат. Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Додека се обидував да го спасам, се појави и другото куче, кое агресивно ме нападна, ми го фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето. Детето беше влечено по бекатонот и во еден момент до нас дојде кола, изгасна колата и детето заврши буквално до предното тркалото речиси под автомобил. Со последни сили успеав да го извлечам,го зедов во раце и влегов во двор кај соседите за да се спасиме. Но, кучињата продолжија да се враќаат по нас. Исто така детето се здоби со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Најстрашно од сè е што човекот кој ги чува кучињата ладнокрвно одговори дека „не му е ништо“ и не покажа никаква грижа, одговорност или човечност. Не праша ни како се децата, ни што точно се случило, вели Ангеловска Здравеска.

Поврзани вести