Skip to main content

Ѓоковиќ едвај во второто коло на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Џовани Мпетши Перикард во првото коло на Ролан Гарос со 5:7, 7:5, 6:1 и 6:4.

Натпреварот траеше 2 часа и 53 минути. Триесет и деветгодишниот Ѓоковиќ (четвртопласиран во светот) сервираше 12 аса, направи две двојни грешки и реализираше пет од своите 16 брејк топки. 

Неговиот 22-годишен противник (80. во светот) сервираше 16 аса, направи четири двојни грешки и реализираше две од своите пет брејк топки.

Ѓоковиќ ќе се соочи со Французинот Валентин Ројар во второто коло.

Грен слемот во Париз се игра за награден фонд од 71,6 милиони долари

Поврзани вести