Skip to main content

Не пропуштајте: Денеска се игра финалето од Евролигата

 Голем број на технички проблеми во Атина, па организаторите за утрешниот финален натпревар најавуваат зголемени мерки.

Во еден момент организаторите биле принудени да ги пропуштаат навивачите без нивните влезници да бидат скенирани што донесе турканици и хаос во салата. Исто така малиот број редари во одредени зони придонесоа до неколку инциденти меѓу навивачите.

Проблемите имаа влијание и на официјалниот дел од програмата.

За неделниот финален натпревар бројот на луѓето задолжени за обезбедувањето во салата дополнително ќе биде зголемен односно бројката ќе биде над 1.000, а ќе има зголем број и на полициски службеници на улиците на Атина.

Евролига воведе и дополнителна контрола за сите кои имаат влезница ќе мора да бидат и идентификувани според личен документ.

Финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид се игра во Атина со почеток во 20 часот.

Поврзани вести