
Ракометарите на Вардар вечерва забележаа победа од 36:26 против Тиквеш во дуелот од претпоследното коло од плеј офот од Супер лигата. „Црвено-црните“ пред неколку кола ја обезбедија шампионската титула, па така тренерот Иван Чупиќ со комбиниран состав се појави на дуелот со кавадарчани.
Но, и овој состав на Вардар успеа да слави победа вкупно 29.та во шампионатот и со бројот на постигнати голови денеска да ја мине бројката од 1.000 голови (трет тим во лигата по Еурофарм Пелистер и Алкалоид).
Најефикасен кај победникот беше Кристијан Атанасовски со 6 голови, а Томче Стојановски постигна исто така 6 голови.
Во првиот дуел од оваа рунда Охрид – Еурофарм Пелистер 22:25, додека утре од 18 часот играат Алкалоид – Бутел.

Македонски



