Skip to main content

Амбасадата на Јапонија организираше мастер-клас за јапонска кујна

На 22 мај, Амбасадата на Јапонија организираше мастер-клас за јапонска кујна во Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, наменет за младите и идни готвачи.

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија

Идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со „вашоку“. Вашоку е традиционална јапонска исхранбена култура која се темели на хармонична рамнотежа помеѓу сезонските состојки, нутритивната вредност и визуелната естетика. Вашоку е впишан во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија

Мастер-класот вклучуваше презентација на јапонски ножеви и алатки, демонстрација на неколку рецепти од страна на готвачката Нишикава, а учесниците имаа можност и сами да подготват и да вкусат еден од омилените секојдневни енергетски оброци во Јапонија – онигири (оризови топчиња).

фото: Амбасада на Јапонија во Македонија

Поврзани вести